Search
Close this search box.

Микро:бит програмирање

Опис на програмата

На овој курс децата се запознаваат не само со програмирање, туку и со електроника, користејќи го микро:битот, така што овој курс е совршена комбинација на електроника и програмирање.
Micro:bit е микро-компјутер на кој има многу сензори кои се програмабилни и интересни за децата.

За време на курсот, децата учат за начинот на кој функционираат сензорите и процесорите, дознаваат повеќе за координатниот систем и прават различни игри.
Игрите се одвиваат на екран кој е во форма на матрица, така што децата добиваат знаења и за матрици, жици, циклуси и други многу важни програмски термини кои подоцна се користат во посериозните програмски јазици.
Сето ова има за цел да ги запознае децата со концептите на програмирање и електроника додека тие создаваат игри и го програмираат микро:битот и неговите сензори на интересен начин.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање со блокови

Возраст:

од III до V одделение

Платформа:

MakeCode