Search
Close this search box.

Електроника

Опис на програмата

Курсот по електроника е наменет за сите учесници кои сакаат да ги прошират и практично да ги применат своите знаења од информатика, физика и програмирање. Преку серија кратки предавања и забавни, практични вежби, учесниците ќе научат самостојно да решаваат различни инженерски проблеми од овие области. Курсот е наменет за учесници на возраст од 6 одделение основно училиште до втора година гимназија. Пожелно е учесниците да имаат најосновно искуство во областа на програмирањето пред курсот.

Во текот на курсот децата ќе ги научат основните елементи на електронските кола, како и како да ги поврзат. Исто така, тие ќе програмираат микроконтролери на платформата Arduino, ќе научат да лемат, склопуваат и програмираат модел на семафор и ќе користат сензори и електрични мотори. Покрај тоа, тие ќе склопат и програмираат автомобил-робот да ја следи светлината или да избегнува пречки.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање

Возраст:

VI одделение до I година

Платформа:

Ардуино