Search
Close this search box.

C# програмирање

Опис на програмата

Курсот е наменет за учесници на возраст од VI одделение основно училиште до прва година средно образование. Дизајниран е како еден од понапредните курсеви што ги нуди Кликер ИТ центар. За да можат учесниците да го следат курсот, пожелно е да го слушаат и успешно да го совладаат курсот за програмирање Python. Исто така, се препорачува учесниците прво да се запишат на овој курс, а потоа на курсот Unity.

Главната цел на курсот Вовед во C# е учесниците да развијат добро разбирање за концептот на објектно-ориентирано програмирање, кој во иднина ќе можат да го применуваат во различни сфери од нивниот училишен и воннаставен живот. Исто така, целта на курсот е учесниците да ги совладаат основните поими од областа на компјутерите како развојна околина, конзолни апликации и апликации со графички кориснички интерфејс, потоа да ги усвојат и разберат концептите класа, интерфејс, наследство, исклучоци, настани и компоненти, како и да го усвои и разбере концептот на синхронизација и основните механизми со кои се постигнува во програмскиот јазик C#.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање

Возраст:

VI одделение до I година

Платформа:

Microsoft Visual Studio