Search
Close this search box.

AppInventor 1

Опис на програмата

Сведоци сме дека светот се врти кон таканаречениот мобилен прв концепт на креирање содржина, односно адаптација на дигитални содржини за полесен и појасен пристап од мобилни телефони и таблети.
AppInventor е многу популарен и една од најдобрите платформи за воведување на децата во светот на програмирањето за мобилни апликации.
На овој курс децата учат да креираат апликации за паметни телефони и таблети користејќи ја платформата AppInventor.
На програмата AppInventor, учесниците сè уште прават блок програмирање, само значително покомплексно од Scratch и Роботика.
 

На програмата AppInventor им покажуваме на децата како можат да креираат свои апликации, додека работат на конкретни интересни проекти.
За време на курсот, децата ќе се запознаат со различни програмски термини, како што се настани, процедури, циклуси, разгранувања и др., кои подоцна се користат во посериозните програмски јазици.
Покрај програмирањето, тие ќе научат и да го дизајнираат изгледот на своите апликации и да ги прилагодуваат на секој мобилен и таблет уред.
Покрај игрите, децата ќе градат посериозни апликации со бази на податоци и листи (како апликацијата Купи-продај), апликации за репродукција на музика (како различни музички плеери) и многу други.
Апликациите што ги правиме на час може да се извршуваат и инсталираат и на оперативните системи Android и iOS.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање со блокови

Возраст:

V, VI, VII одделение

Платформа:

MIT AppInventor