Search
Close this search box.

AppInventor 2

Опис на програмата

Ова е напреден курс за креирање Android игри на платформата AppInventor, наменет за учесници кои го завршиле курсот AppInventor 1 во ИТ центарот Kliker.
Курсот е создаден поради големиот интерес на учесниците да научат како да прават посложени и комплицирани игри од оние направени во почетниот курс за програмирање на платформата AppInventor. Дополнително, учењето да програмирате со правење игри се покажа како еден од најдобрите начини за учење на основните концепти за програмирање.

Децата ќе научат да градат апликации за превод и препознавање говор, ќе научат за компонентите за избирање датум и време, ќе градат 2Д игри за симулација на простор, ќе програмираат online игри со два и повеќе играчи и многу повеќе.
Исто така, децата ќе имаат можност да го тестираат секој чекор од креирањето на програмата во реално време, при креирањето на нивните апликации, како и конечно да ја тестираат и инсталираат конечната верзија на апликацијата на своите уреди.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање со блокови

Возраст:

V, VI, VII одделение

Платформа:

MIT AppInventor