Search
Close this search box.

JavaScript

Опис на програмата

JavaScript е програмски јазик кој првично беше наменет за пишување програми кои се дел од веб-страници и се извршуваат кога страниците се вчитуваат во веб-прелистувачот.
Денес се користи и за пишување апликации за мобилни телефони, автоматизација и слично. Постои една позната поговорка која предвидува дека секоја апликација што може да биде напишана во JavaScript, еден ден ќе биде напишана во JavaScript (Закон на Атвуд). Овој курс е програма која се надоврзува на содржината на претходниот веб курс – Веб програмирање – затоа, се препорачува учесниците да го посетуваат горе споменатиот курс со цел подобро да го разберат концептот на веб програмирање и креирање веб апликации.

Во текот на курсот, учесниците ќе научат како функционира модерна веб-апликација, од сервирање на некои HTML содржини (и придружни CSS стајлинг) на корисникот, до создавање динамични веб-страници (апликации) со помош на програмскиот јазик JavaScript.
Идејата на курсот е да се запознае учесникот со понапредни веб техники и концепти преку збир на динамични и интерактивни веб апликации.
Примери за такви апликации кои ги очекуваат учесниците за време на овој курс се: Квиз, Планер, Брзо пишување, Flappy bird.
Курсот вклучува работа со влезни и временски настани, понапредни CSS техники, преземање информации од корисникот, како и локално складирање на податоци.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање

Возраст:

VII одделение - IV година

Платформа:

Visual Studio Code