Python
Опис на програмата
Курсот за креирање апликации на програмскиот јазик Python е наменет за ученици на возраст од VI одделение од основно училиште и постари.
Курсот е дизајниран да им помогне на учесниците со мало или никакво програмско искуство да ги научат основите за креирање интерактивни апликации на многу забавен начин. Јазикот што го избравме – Python – е јазик кој нуди широчина и удобност за презентирање на широк спектар на програмски концепти преку едноставна и удобна синтакса, што го прави идеален за почетници.
Овој програмски јазик е дизајниран да биде одличен вовед во светот на програмирањето и е најлесниот начин децата да научат како да пишуваат команди во програма.
Пајтон е исто така меѓу најпопуларните програмски јазици и ги напојува платформите како YouTube, Instagram, DropBox и голем дел од Google.
Во курсот децата ќе се занимаваат со различни команди, оператори, променливи, типови на податоци, функции и други концепти кои се користат во други посериозни програмски јазици.
- Стекнување знаења за изработка на самостојни игри
- Учење 2D графика, анимација и правење 2D видео игри
- Поттикнување на логичко-математичка интелигенција.
Фотографии од часовите:
Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.