Search
Close this search box.

Роботика 2

Опис на програмата

Овој курс е наменет за учесници кои веќе ги совладале основите на роботиката. Дружењето го продолжуваме со програмирање на роботот mBot кој веќе го запознавме на претходниот курс, само сега навлегуваме подлабоко во јазикот кој се крие под блоковите кои досега ги поместувавме. На овој начин децата преминуваат од поместување наредби до пишување код во програмскиот јазик Arduino C, на начин кој е прилагоден на нив и интересен.

Со програмирање на сензорите кои веќе ги запознавме, како и новите сензори кои ќе ги запознаеме, децата го совладуваат знаењето што го стекнале и дополнително ја развиваат логиката и креативноста. Децата запознаваат и нова работна средина во програмскиот јазик Arduino C, како и елементи од програмскиот јазик C++, кој е прилагоден на нивната возраст. Покрај тоа, во текот на курсот програмираме и роботи LEGO Mindstorms 51515. ЛЕГО роботиката е секогаш многу интересна за децата бидејќи се состои од два дела – склопување на два големи роботи и програмирање на нивните сензори, движење, свирење тапани и други интересни можности.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање со блокови

Возраст:

од III до VI одделение

Платформа:

mBlock