Search
Close this search box.

Unity: Изработка на 3D видео игри

Опис на програмата

Учесниците кои сакаат да се запишат на курсот Unity мора да имаат претходно познавање на програмскиот јазик C#, кој може да го посетуваат и кај нас, за подобро да го апсорбираат материјалот од програмата Unity и да искористат се што таа нуди.
Курсот Unity е првиот голем чекор за оние кои сакаат посериозно да влезат во светот на правењето видео игри. Вредноста на индустријата за игри ја надмина филмската индустрија и ќе продолжи да расте. Unity Engine моментално е најпопуларната платформа за развој на игри во светот и нејзините способности се огромни. Некои од најпознатите игри направени во платформата Unity се: Hearthstone: Heroes of Warcraft, Temple Run, Rust, Assassin’s Creed Identity итн. Преку програмирање, учесниците ќе ја запознаат логиката зад игрите.

Во текот на курсот, учесниците ќе создадат четири големи игри и ќе имаат можност да се запознаат со околината Unity и програмирањето C#, како и создавање на 3D свет и вметнување 3D објекти во програмата. Покрај тоа, децата ќе вметнат свои играчи во игрите, кои ќе можат да се тркаат и да избегнуваат пречки.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање

Возраст:

VI одделение до I година

Платформа:

Unity 3D