Search
Close this search box.

Scratch start

Опис на програмата

Новите знаења најдобро се стекнуваат преку едноставна практична примена на Scratch, која е најпопуларна платформа за учење на првите чекори во програмирањето. Преку учењето на принципите на програмирање, децата се поттикнуваат на љубопитност, логика, решавање проблеми, систематско и аналитичко размислување, градење системи од поединечни делови, усвојување принципи од едноставни до сложени услови, како и развивање имагинација и визуелизација.

 Курсот го дизајнираа наши предавачи кои во директниот наставен процес внимателно одбраа содржини на кои децата од најмала училишна возраст можат да одговорат. Програмирањето во Scratch е целосно визуелно. Децата креираат проекти со натрупување готови блокови во поголеми конструкции. Во текот на Почетниот курс Скреч за I и II одделение од основно училиште, децата учат да создаваат свои анимации правејќи позадини и ликови во проекти и учат да програмираат ликовите да се движат, да зборуваат текст, да одат на дестинација, да пуштаат музика и многу повеќе.
Посебен дел од наставната содржина е посветен на теоретска дискусија со деца за безбедност на Интернет, пребарување на самата содржина, концепти за компјутерски компоненти, преку петнаесет два часа, еднаш неделно, колку што е времетраењето на самиот курс.

Фотографии од часовите:

Како и во другите наши програми, максималниот број на учесници во една група е 8. На овој начин успеваме доволно да се посветиме на секој учесник.

Категорија:

Програмирање со блокови

Возраст:

I и II одделение од основно училиште

Платформа:

Scratch